Компанија од САД има намера Tesla Cybertruck да го претвори во Катамаран / ФОТО
Американците веќе создале посебна функција за пикапот кој сеуште не е ни официјално претставен
Големи се шансите електричните возила во иднина да го променат начинот на кој се движиме. Колку и кога е сè уште нејасно, но многу идеи кои циркулираат имаат смели визии за тоа што може да понуди иднината. Jeep, на пример, верува дека „подводниот“ електричен Wrangler не е невозможен, а новиот концепт на Катамаран (https://en.wikipedia.org/wiki/Catamaran) размислува надвор од стандардите кога станува збор за мешање на електрични автомобили и вода.
Новиот концепт, кој доаѓа како два посебни предлози, се нарекува Cybercat и Cybercat Foiler. Двете конверзии ќе можат да го претворат се уште нереализираниот сериски електричен пикап Tesla Cybertruck во способен Катамаран, од кои едната има таканаречени подводни крила за подобрена ефикасност во водата.
Смелата идеја е дело на TSWLM Electric Vehicles Inc. од Соединетите Американски Држави, чии креатори тврдат дека комплетот за конверзија е дизајниран така што едно единствено лице може да го претвори електричниот автомобил во Катамаран. И сите потребни делови може да се расклопат и лесно да се транспортираат во товарниот простор на пикапот.
TSWLM наведува дека Cybercat ќе може да се движи во водата со максимална брзина од 22 јазли или околу 41 km/h. Километражата во вода ќе биде до 100 наутички милји (185 километри) со брзина од 5 јазли. Cybercat Foiler, пак, ќе „крева“ до 35 јазли (65 km/h), а ќе има слична километража како и другиот модел. За погонот ќе се грижат до 5 надворешни мотори.
Концептот изгледа фантастично, а компанијата тврди дека поднела патент за конверзија и веќе прифаќа резервации за својот производ. Не е потребен депозит бидејќи TSWLM Electric Vehicles знае дека успехот на Cybercat зависи од тоа кога ќе пристигне Cybertruck. Секоја компанија што произведува резервни производи за пикапот ќе треба да се запознае со сет од спецификации пред да почне да произведува нешто, а Tesla не е предвидлива.
Откако Tesla ја објави својата работа на Cybertruck во 2019 година, видовме широк спектар на производи за дополнување и проширување на функциите на електричниот пикап. Многу од нив се замрзнати во фазата на развој, бидејќи сè уште се очекува машината да стане сериска и секако да се целосно разјаснети техничките детали.