Еден од најпопуларните теренци во Европа па и на нашиот македонски пазар стигна до голем јубилеј

Од лансирањето пред 12 години, Dacia Duster помина долг пат во докажување и борба за своето место на пазарот, во сегмент каде грешките чинат скапо. Сега, по две генерации и два милиони продадени примероци, Duster може да се каже дека е успешен проект.

Признаен како прв избор за оние кои бараат најмногу за најмалку, а не сакаат да се воздржат од својот авантуристички дух, Duster ги помирува потребите на авантуристите, како семејно, но и како многу солидно работно возило.

Duster низ бројки

Duster се произведува во фабриката Питешти во Миовени, Романија, а илјада примероци излегуваат од производната лента секој ден. Преведено, потребни се точно 63 секунди за да се произведе еден примерок.

Ако се наредат сите два милиони примероци, ќе се формира колона од Анкара до Хелсинки и назад, а ако се наредат еден врз друг, ќе се стигне до височина од 350 Монт Еверести. Конечно, два милиони Duster-и зафаќаат површина од нешто повеќе од 2.100 фудбалски игралишта.

Зошто да се купи Duster

Еве неколку интересни работи кои можеби не сте ги знаеле.

  • Во Велика Британија, Duster најмногу го купуваат жени.
  • Турција ја има најмладата група клиенти на Duster (во просек 42 години), главно семејства (62% живеат со деца).
  • Главните причини зошто луѓето купуваат Duster се цената (56%), дизајнот (20%) или лојалноста кон моделот (16%).

Duster претрпе голем број адаптации и изведби со текот на годините. Така е создаден и папамобил, а на романската армија и биле дадени 800 воени изведби. Има и пик-ап варијанта, изведба со гасеници…