Хиперавтомобилот Peugeot 9X8, претставен во јули 2021 година, ги освои членовите на жирито на „Меѓународниот автомобилски фестивал“ (Festival Automobile International) и вљубениците во автомобилски дизајн

„Многу сум горд на оваа награда, која ја признава работата на дизајнерските тимови и одделот Peugeot Sport кои соработуваа на проектот”, вели Матијас Хосан, директор за дизајн на брендот Peugeot. „Квалитетот на соработката со тимот на Peugeot Sport беше исклучителен и технички и во однос на тимската соработка”.

Peugeot 9X8, тркачки автомобили од најновата генерација кој ќе дебитира во 2022 година на Светскиот шампионат на FIA, Endurance Racing (WEC), ги презема сите современи естетски карактеристики на марката Peugeot: изгледот на мачка, течни линии кои го нагласуваат неговиот спортски карактер, елегантни колкови и структуриран дизајн, но и лесни потписи во форма на три линии кои потсетуваат на канџите на лав. Благодарение на неговата софистицираност и префинетост, Peugeot 9X8 буди емоции и ја отелотворува брзината. Peugeot 9X8 веќе претставува уникатно достигнување, естетска и техничка револуција и голем потфат во светот на дизајнот.

Кабината на Peugeot 9X8, препознатлив показател за знаењето и вештините на Peugeot во областа на дизајнот, го презема концептот на системот i-Cockpit својствен на марката Peugeot. Како и при развојот на сериското возило, исклучително внимание било посветено подеднакво и на дизајнот на ентериерот и надворешноста. Кокпитот на Peugeot 9X8 е целосно дизајниран да им овозможи на возачите поергономско и поинтуитивно возачко искуство.

Жирито на Межународниот автомобилски фестивал е составено од експерти од светот на автомобилите, модата, културата, дизајнот и медиумите.