Како потсетување – чешкиот мултимилионер Радим Пасер реши да го вози својот Bugatti Chiron на германскиот автопат. Со својот Bugatti Chiron „крена“ до 417 km/h притоа снимајќи го возењето кое потоа е објавено на YouTube

Ова јасно покажува дека и богатите луѓе треба да покажат што имаат и што умеат. Подвигот на Радим беше дочекан со многу негодување. Германија дебатираше дали недостатокот на ограничувања на брзината дава за право да се вози со брзина како оваа која беше постигната од чешкиот мултимилионер.

Активистите кои бараат сите германски автопати да бидат предмет на ограничување на брзината по објавеното видео како да се разбудија од хибернација. Се случија толку многу работи што властите мораа да ги преземат работите во свои раце. Германскиот министер за транспорт најостро го осуди однесувањето на Пасер. Сè на сè, тоа беше сè што можеше да направи, бидејќи Пасер всушност и не прекршил никакви правила. Но, драмата не застана тука.

Кога има притисок од јавноста и од надлежните, полицијата мора да преземе нешто. Не мора секогаш да има смисла, многу поважно е луѓето да видат дека полицијата не седи со скрстени раце. Во Германија решија да покажат дека опасното однесување на патот нема да се дозволи на никој друг.

Според The ​​Sun, полицијата ја истражила илегалната трка на јавен пат. Некој веројатно ќе се запраша: ако ова е трка, каде се другите автомобили што учествувале во неа? Германската полиција веќе му ги предала досиејата на обвинителот, но дали обвинителството ќе поднесе обвинителен акт против Чехот? Можеби и тоа ќе сака да ја покаже својата позитивна страна, но дури и да го сторат тоа, германскиот суд ќе ја исмее правната квалификација. Радим Пасер, покрај фактот дека возел брзо, тоа го направил сосема легално – сепак не е тој што решил да гради автопат без ограничување на брзината.