Mercedes-AMG GT 63 S E Performance Edition е скапоцен автомобил!
Првиот plug-in хибрид на спортскиот AMG оддел на брендот од Штутгарт е исклучително скап модел
Основното издание на овој автомобил има почетна цена од 196.897 евра во Германија. Ако се избере лимитираното издание Performance Edition, тогаш е потребна дополнителна уплата од 21.777 евра. Со таква цена, Mercedes-AMG GT 63 S E Performance Edition е опасно блиску до Maybach S класата, од која е поевтин за само 5.800 евра…
Но, за разлика од луксузот што го нуди Maybach, овде се плаќа за феноменалните перформанси. Споменатиот автомобил користи комбинација од 4.0-литарски V8 мотор и еден електромотор. Возачот располага со вкупно 843 КС и 1.400 Nm, што го прави најмоќниот AMG модел во историјата.
Забрзувањето до 100 km/h е само 2,9 секунди, за само 10 секунди се стигнува до 200 km/h, а доколку педалата за гас се држи притиснато до подот, автомобилот на крајот ќе достигне максимална брзина од 315 km/h.
Бидејќи се работи за plug-in хибрид, постои опција за движење во електричен режим, односно само со помош на струја. Овде автономијата е сепак скромна, бидејќи батеријата има капацитет од 6,1 kWh, па Mercedes-AMG GT 63 S E може да помине само 12 km само на струја… Во таков електричен режим на возење, Mercedes-AMG GT 63 S E Performance е способен да достигне максимална брзина од 130 km/h.
Mercedes потврди дека првите примероци на овој супер седан ќе се најдат во европските салони во април оваа година.