Светска премиера за Enyaq Coupe iV, најмоќната Škoda досега и првиот електричен RS модел / ФОТО
Врвот во гамата е верзијата RS со 295 КС која до стотка стигнува за 6,5 секунди
Škoda официјално ја претстави целосно новата купе верзија на моделот Enyaq. Како и стандардниот модел, Enyaq Coupe iV се базира на MEB платформата на Volkswagen наменета за електрични модели и благодарение на новата форма на каросеријата, со коефициент на отпор на воздух (cd 0,234) поставува нови стандарди во својата класа.
Поатрактивната форма на задниот дел носи и мали промени во димензиите: меѓуоскиното растојание (2.765 mm) и ширината (1.879 mm) остануваат непроменети, но со должина од 4.563 mm купето е за 4 mm подолго и за милиметар повисоко (1.617 mm). Со волумен на багажникот од 570 литри, задржана е практичноста на стандардната верзија.
Кога станува збор за погонот, клиентите ќе имаат два избора: погон на задните или на сите тркала.
Основниот Enyaq Coupe iV 60 доаѓа со батерија од 62 kWh и електричен мотор од 132 kW што ја задвижува задната оска. iV 80 исто така има погон на задните тркала, електричен мотор од 150 kW и батерија од 82 kWh. Оваа верзија има максимален домет од над 535 километри со едно полнење.
Врвот на гамата е iV 80x со погон на сите тркала, достапен во две варијанти. „Послабата“ е Enyaq Coupe iV 80x со 262 КС, а помоќната е посебна приказна. Станува збор за Enyaq Coupe RS, чешкиот близнак на Volkswagen ID.5 GTX кој до стотка стигнува за 6,5 секунди. Најмоќниот Enyaq има спортска шасија и погон на сите тркала и нуди импресивни перформанси благодарение на електричниот погон од 220 kW. Со 295 КС и 460 Nm, ова е првиот Škoda RS модел без мотор со внатрешно согорување. Воедно тој е и најмоќниот сериски автомобил на компанијата.
Внатрешноста на стандардното возило е преплавена со рециклирани материјали, додека Enyaq Coupe iV со SportLine пакет на опрема добива спортска црна внатрешност. RS моделот добива седишта во спортски стил со црна перфорирана кожа и контрастни шавови. Завршницата на контролната табла е со материјал со изглед на кожа за да одговара на седиштата, а тука се и украсите со ефект на јаглеродни влакна низ кабината.
Сите модели доаѓаат со 5,3-инчен интрумент дисплеј и 13-инчен централен екран на допир за контрола на инфо-забавниот систем.
„По успешното лансирање на SUV моделот, новиот ENYAQ COUPÉ iV внесува уште поголема емотивност, спортски стил и елеганција во семејството ŠKODA iV“, вели Томас Шафер, извршен директор на Škoda. „Нашите дизајнери и инженери уште еднаш успеаја да комбинираат висок степен на функционалност со емотивен дизајн“.
Цените, за жал, сè уште не се објавени.
ENYAQ COUPÉ iV
[useyourdrive dir=”17tl_DxbJmadcaGmCBZu78GeVpniHfwiu” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
ENYAQ COUPÉ RS iV
[useyourdrive dir=”1IRKDZ48tajBdStq-FqR3uLM_9Q6otvr0″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]