Мате Римац сподели неколку снимки на својот профил кои ја покажуваат моќта на полнење на батеријата на Nevera

Според достапните информации, моќностите на полнење поддржани од системот на nevera моментално се најголеми во светот. Снимките од полначот Ionity покажауваат моќност од 310 kW, 333 kW и неодамна 350 kW. Зборуваме за моќности постигнати во моментите кога наполнетоста на батеријата е околу една третина. На крајот на циклусот, максималната моќност рапидно паднала.

Во секој случај, тоа е многу брзо полнење. Според Rimаc, полнењето од 10 до 80% траело 21 минута, со просечна моќност на полнење од 260 kW. Батеријата складира 120 kWh плус загуби при полнење.

Но Римац не застанува тука, и во неколку наврати најавува и потврдува дека Nevera веќе може да издржи моќност на полнење од 500 kW. Тој вели дека се зависи од технологијата на полначот, а сега на потег се производителите.

За ова зборуваше и Inside EV, кој истакнаа дека во моментов никој во светот не нуди над 300 kW полнење освен Rimac Nevera. Посочуваат дека најдоброто од конкуренцијата достигнало максимални 260 kW, а моментално само Lucid може да ја достигне границата од 300 kW.

Детално анализирајќи ги објавените фотографии, се заклучува:

Просечна моќност на полнење од почетокот на циклусот:

  • x% SOC – 32% SOC: просечна 312 kW: 26 kWh за 5 минути
  • x% SOC – 62% SOC: просечна 304 kW: 71 kWh за 14 минути
  • x% SOC – 82% SOC: просечна 260 kW: 91 kWh за 21 минута

„Податоците зборуваат сами за себе бидејќи Rimac Nevera ја постигнува моќта на полнење што во основа ниту еден сериски електричен автомобил не ја тестирал досега“, заклучува Inside EVs.