Веќе и официјално, Џејсон Момоа му се придружува на „семејството“ и својот трозабец од Aquaman го менува за механички клуч во претстојното 10-то продолжение на познатата сага Fast & Furious.

Она што се знае за следното продолжение на Fast and Furious е датумот на објавување – април 2023 година, а според претходните најави снимањето требаше да започне во јануари 2022 година, што е токму сега. Ветеранот од франшизата Џастин Лин се враќа на режисерското столче, и иако сè уште не е позната комплетната листа на актери (барем според IMDb), главните актери би требало да се вратат во своите улоги.

Кратката сцена со Џејсон Статам во заслугите на деветтото продолжение сугерира дека тој веројатно ќе се врати, а не е исклучено и враќањето на Жизел (Гал Гадот).

По десеттото продолжение се очекува само уште еден филм, а со оглед на тоа што во претходниот филм Pontiac Fiero со ракетен погон буквално полета во вселената, од наредните две продолженија се може да се очекува.