Ford Bronco Raptor докажува дека Американците сакаат да се забавуваат и не ги забораваат љубителите на старите добри автомобили

Тешко дека има модел кој привлекол поголемо внимание во автомобилскиот свет на американскиот пазар во последните неколку години колку Ford Bronco. Откако беше најавен пред четири години, не помина ниту еден момент да не биде предмет на пишување и шпекулации во медиумите, а нарачани беа над 250.000 примероци пред некој од нив воопшто да излезе од фабричките ленти.

Ford произведе нешто повеќе од 35.000 примероци во штотуку завршената 2021 година, па јавноста беше малку збунета кога дозна дека наскоро ќе видиме издание со екстремно високи перформанси наречено Raptor

Raptor можеби на прв поглед изгледа како секој друг Bronco, но од механичка страна всушност има многу малку заедничко. Ќе биде достапен само во конфигурација со четири врати, а компанијата тврди дека на таков потег се одлучила бидејќи стабилноста е исклучително важна при големи брзини.

Ford Bronco Raptor – за сите услови

Се разбира, ова е автомобил за американскиот пазар, Европејците мора да бидат задоволни со Ranger Raptor, кој исто така е одлична „играчка“. Bronco не е дизајниран толку за лесно качување по падини колку за брзо возење по неасфалтирани патишта.

Во споредба со стандардната верзија, автомобилот е речиси 25 cm поширок, речиси 200 сm висок, а растојанието од тлото е 33 cm. Промените на каросеријата на автомобилот не само што го подигнуваат автомобилот, туку и го зацврстуваат. Столбовите B и C се зајакнати и се за 50% поцврсти од „стандардната“ верзија, а зајакната е и рамката. Секако потребно, Bronco Raptor добил и заштита на шасијата. Сепак сето придонесува за промени во тежината на возилото, која по сите модификации изнесува 2,6 тони.

Внатрешноста е горе-долу иста со исклучок на повеќе стандардна и опционална опрема. Може да се забележат само неколку нови копчиња со кои возачот ја прилагодува суспензијата во зависност од условите на возење, а Ford очекува дека најпопуларна ќе биде онаа наречена „Baja“ со цел достигнување големи брзини во песочните пустини. 

Ford Bronco Raptor – такви мотори повеќе не се произведуваат

За значителната тежина на празното возило секако придонесува и 3-литарскиот V6 мотор со 400 КС. За да се обезбеди поголема издржливост на моторот, блокот е изработен од леано железо, што секако дава голема тежина, но во овој случај тоа е најмалку важно.

Ford нема избор кога станува збор за менувачот – во понуда е само 10-брзински автоматик. Вградено е помоќно квачило и подобрен централен диференцијал. Покрај тоа, возачот може да избере помеѓу дури седум режими на возење.

Во однос на опремата, автомобилот не се разликува од другите автомобили. Овде можете да имате аудио со 10 звучници, камери од 360 степени, прилагодлив темпомат или помош за тргнување по нагорнина. Ford Bronco Raptor излегува од салонот со 37-инчни теренски гуми. Дополнително, како и кај Jeep Wrangler, вратите и покривот може да се отстранат.

Автомобилот чија цена започнува од 68.500 долари, ќе биде достапен за нарачка од март, а до првите купувачи ќе стигне ова лето. Ford дефинитивно полуде со дизајнот на овој автомобил, а Европјаните може само да жалат што овој модел нема да се појави на Стариот континент.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”15j7xASCEqeJgKM7yCF2irZUY7kc90wxB” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]