Засега не е познато кога фабриката во Оита повторно ќе започне со работа

Јапонскиот архипелаг, односно југозападниот дел пред неколку дена го погоди силен земјотрес со јачина од 6,6 степени. Нема жртви, освен неколку повредени, бидејќи Јапонија е подготвена за вакви катастрофи, но многу индустриски погони не работат поради проценка и санација на штетите. Една од фабриките што не работи е таа на Тошиба. Нема поголеми видливи надворешни оштетувања, но во тек се проценките за да се утврди како фабричките линии го преживеале земјотресот.

Сеуште не се знае кога повторно ќе почне со работа фабриката во Оита, а проблем за производителите на автомобили е фактот што произведува чипови за возила… Ова е уште еден удар за индустријата, која и онака е тешко погодена од недостатокот на полупроводници.