Formula 1: Дали во 2022 година ќе останеме без спринт трки?
За новата сезона се планирани дури шест вакви настани.
Formula 1 за 2022 година објави дека планира да организира шест спринт трки, односно тркачки викенди, а првата е веќе планирана на отворањето на сезоната во Бахреин. Сепак, според шефот на McLaren, овој план може и да не реализира.
За да се одржи овој спринтерски викенд формат, потребно е Ф1 да добие дозвола од осум од десет екипи, што во моментов не е случај. Зак Браун за BBC вели дека поголемите тимови се обидуваат да искористат дополнителни придобивки бидејќи не можеле да се согласат да одобрат дополнителен буџет за овој формат.
„Некои тимови, а особено еден, сакаат дополнителни 5 милиони долари за зголемување на буџетот, што е смешно. Тие немаат реална основа за овој предлог. Кога ќе ги прашате зошто го бараат тоа, тие имаат причини кои не се прифатливи. Тоа е глупост“, вели првиот човек на McLaren.
И покрај тоа што не се кажува за кои екипи станува збор, тука се Mercedes, Red Bull и Ferrari. Бидејќи Mercedes и McLaren соработуваат на полето на агрегати, тешко е да се поверува дека Браун го кренал гласот против нив. Што е вистина, останува да видиме…