Во Tesla сè уште можете да играте видео игри додека возите

Сепак, наскоро тоа ќе се промени. Според Associated Press, Tesla е принудена да го ажурира софтверот, што ќе оневозможи да се играат видео игри додека се вози.

Откако медиумите открија дека во автомобилите на Tesla може и додека се вози да се активира таканаречениот Passenger Play режим на работа, каде што главниот екран се користи за играње игри, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД (NHTSA) започна истрага. Откриено е дека софтверот навистина дозволува играње додека се вози, што ги нарушува безбедносните стандарди бидејќи возачот има целосен поглед на екранот, што може да му го одвлече вниманието.

Tesla Motors на почетокот не реагираше на обвинувањата, но на крајот попушти под притисокот на американските регулатори. Со следното ажурирање на софтверот, функцијата Passenger Play ќе биде дозволена само додека автомобилот е во мирување.