Bentley Coupe By Mulliner ќе биде најскапиот модел на британската марка во историјата
Bentley, заедно со својата филијала Mulliner, наводно работи на втор модел по Bacalar. Станува збор за ултра луксузен модел без покрив, од кој ќе бидат произведени само 12 примероци
Сепак, според новиот извештај, идниот модел со две врати ќе биде помалку ексклузивен, бидејќи производната серија ќе биде проширена на 25 единици. Значи, разликата ќе се биде во фиксниот покрив и стилските детали преземени од 2019 EXP 100 GT.
Што се однесува до самиот дизајн, тој е предвесник за идните модели на Bentley без мотори со внатрешно согорување. Според истиот извештај, анфасот ќе биде поагресивен со усвојување на поаголна тема и свежо решение за корпоративната маска, на чии страни ќе почиваат тенките куќишта од LED светлата.
Одговорен за надворешноста ќе биде Андреас Минт, истиот оној кој го има нацртано Hunaudieres во 1999 година. Овој 22-годишен стар концепт никогаш не стигна до производствените линии, но одигра важна улога во процесот на дизајнирање на Bugatti Veyron. Мускулестите лакови на тркалата се на менито за новото купе, со елегантни задни светла и други детали што ќе го разликуваат од „обичниот“ Continental GT.
Што се однесува до моторизацијата, за погонот е задолжен 6.0-литарскиот твин-турбо W12 од Continental GT Speed, во кој испорачува 659 КС и 900 Nm максимален вртежен момент. Тоа е доволно за ова моќно купе да забрза до 100 km/h за 3,6 секунди и да достигне максимална брзина од 335 km/h. Новиот Mulliner треба да даде слични бројки во однос на брзината и перформансите.
Заснован на Continental GT Speed, има масивни предни сопирачки од карбон-керамички, со дискови од 440 милиметри, засилена шасија и поцврста суспензија. Ова е и почеток на крајот на кариерата на познатиот мотор W12, кој полека но сигурно оди во минатото.
Цената за ваков автомобил не може да биде ниска. Основната верзија, ако може така да се нарече, ќе чини 1,5 милиони фунти, а ќе оди и до 2 милиони. Сепак, поставувањето на врвен луксуз може да ја подигне таа бројка „до небо“, што го прави ова Bentley најскапо во историјата.