Пад на испитот или…! Range Rover Sport против нагорнина со снег / ВИДЕО
Велат дека вакви препреки за Range Rover се „ситница“, а веројатно и многу од вас така мислат… Епа…
По многубројните демонстрации на британскиот производител во кои ги има презентирано „офроуд“ потенцијалите на својот Range Rover Sport модел и сите можни електронски помагала, веројатно секој ќе помисли дека вакво нешто не би требало да биде никаков проблем.
Меѓутоа, приложеното видео кажува поинаква приказна. Дури и авторите на видеото наведуваат дека возилото е опремено со квалитетни зимски гуми, што, со оглед на исходот, просто да не ви се верува.
Дали е навистина така или проблем се возачките способности, проценете сами.
Имањето способно теренско возило како што е Range Rover Sport може да влее доверба кај возачите во различни временски услови. Меѓутоа, доколку немате соодветен комплет гуми и доволно знаење и искуство како да користите теренец во такви услови, подобро е да останете дома додека не се стопи снегот.