Првите два специјално опремени Alpine А110 се веќе испорачани и доаѓаат во комплет со специјални бои, рефлектирачки ознаки …

На автопатиштата се случува се и сешто, а бркотниците обично вклучуваат големи брзини. Затоа француската полиција решила да набави 26 спортски модели Alpine A110. Првите два специјално опремени A110 веќе се испорачани и доаѓаат во комплет со специјални бои, рефлектирачки ознаки, трепкачки светла и низа други модификации.

Alpine е спортски бренд со долга историја, сега во сопственост на Renault, а малиот A110, ривал на Porѕche Cayman, сега е опремен со 1.8-литарски турбо бензинец со 250 КС, достигнува максимални 250 km/h и до 100 km/h забрзува за 4,5 секунди. Тоа е доволно за повеќето задачи и евентуални потери во кои ќе учествуваат.