Засега нема информации за кој модел на автомобил станува збор, a веста е објавена од Philadelphia Inquirer

Мајка од Филаделфија го родила, како што го нарекуваат, првото бебе на Tesla во светот. Бебето е родено на предното седиште од електричниот автомобил додека возел во Autopilot мод. Засега нема информации за кој модел на автомобил станува збор. Вонредното породување, неодамна објавено од Philadelphia Inquirer, се случило во септември кога Јиран Шери (33) и нејзиниот сопруг Китинг Шери (34) го носеле својот тригодишен син Рафа во градинка.

Водењакот на Јиран Шери пукнал во моментите кога семејството се нашло во сообраќаен метеж. Бидејќи контракциите се зголемувале, а сообраќајната гужва не се расчистувала, парот сфатил дека нема да пристигнат навреме во болницата.

Китинг Шери го вклучила автопилотот откако ја впишала адресата на болницата во системот за навигација, 20 минути од местото каде што заглавила во сообраќај. Сè се случило прилично брзо, а додека стигнале во болница, малата Мејв Лили веќе била родена. Двојката размислувала на девојчето да и го даде името Тес во знак на благодарност до производителот на автомобили.