Од 2030 година Peugeot во Европа ќе нуди само електрични автомобили!
Францускиот бренд до крајот на деценијата ќе биде класифициран како бренд за електрични возила, барем кога станува збор за Стариот континент.
Се поверојатно е дека транзицијата кон електрични автомобили во Европа ќе стане сосема извесна, па така уште една марка потврди дека ќе се откаже од погонските единици со внатрешно согорување во наредните години. Ова го потврди Линда Џексон, шефицата на Peugeot.
Сепак, Џексон тврди дека тука не е крајот на термомоторите на Peugeot, бидејќи тој бренд ќе продолжи да продава возила кои користат такви единици надвор од Европа. Поточно, првата жена на „лавот“ изјави дека бензинот ќе опстане во понудата, што значи дека овој бренд наскоро ќе се откаже од дизелот.
Peugeot моментално има многу интересно портфолио во однос на погонот. Покрај традиционалните бензински и дизел мотори, во оптек се и plug-in хибриди, како и EV модели. Французите нудат неколку електрични автомобили, при што е-208 и е-2008 (неодамна добија поголем опсег) бележат подобри резултати од останатите модели.
Галскиот бренд веќе најави дека новата генерација 308 ќе добие целосно електрично издание, а следната итерација на 3008 ќе има право и на EV варијантата.
Јасно е дека Stellantis има намера да се фокусира на електрификацијата, а Peugeot ќе се откаже од моторите со внатрешно согорување во Европа малку подоцна од неговите сестрински марки. Да потсетиме, DS најави дека тоа ќе го направи веќе во 2026 година, а Opel две години потоа.