
Какви автомобили возат психопатите? Британско истражување
Какви автомобили возат психопатите? (*Главното пореметување кај психопатите е нивниот однос кон другите луѓе. Кај нив преовладува екстремна себичност и самодоверба, додека другите луѓе ги гледаат како предмети, неважни објекти за кои емоционално не се врзуваат)
Веројатно повеќето од вас никогаш не ни размислувале на оваа тема, но таа ги заинтересирала британските аналитичари и ја истражувале. Покрај брендовите, тие се фокусирале и на бојата на автомобилот, погонот и… персонализираните регистарски таблички.
Целта на студијата Scrap Car Comparison била да се открие кои автомобили најчесто ги користат психопатите и луѓето со психопатски особини. За да дознаат, од 2.000 британски возачи било побарано да пополнат анкета која покажува колку е веројатно една личност да покаже психопатски особини (вклучувајќи неискрен шарм, висока самодоверба и без грижа на совест).
Врз основа на резултатите од овие студии, аналитичарите извлекле просечна оцена на психопатија за различни групи возачи поделена по марка, боја, возење и дали имаат персонализирани регистарски таблички.
Највисока оцена добиле возачите на BMW
Истражувањето покажало дека возачите на BMW се најсклони да бидат психопати со резултат од 12,1 од 36 поени, а потоа следат возачите на Audi (11,7 поени). Иако не можете да ги фрлите сите во една корпа, мора да се признае дека многу возачи на овие марки се брзи, а понекогаш и опасни. Во првата петорка се уште Fiat (7,0 поени), Mazda (6,4 поени) и Honda (6,3 поени).
Просечниот резултат од сите анкети бил 6,6 од 36 поени, така што само првите три оценки се над просекот, а пред кривaта се возачите на BMW и Audi.
На другата страна од листата се возачите на Škoda (3,4 поени), Kia (4,2 поени) и Seat (4,3 поени). Станува збор за автомобили чии возачи најверојатно ќе бидат мирни.
Место | Авто бренд | Просечна оцена (*/36) |
1 | BMW | 12.1 |
2 | Audi | 11.7 |
3 | Fiat | 7.0 |
4 | Mazda | 6.4 |
5 | Honda | 6.3 |
6 | Ford | 6.1 |
7 | Mercedes-Benz | 5.9 |
8 | Citroen | 5.8 |
9 | Volkswagen | 5.4 |
10 | Hyundai | 5.3 |
11 | Renault | 5.3 |
12 | Other | 5.3 |
13 | Volvo | 5.2 |
14 | Nissan | 5.0 |
15 | Peugeot | 4.8 |
16 | Toyota | 4.7 |
17 | Vauxhall | 4.7 |
18 | SEAT | 4.3 |
19 | Kia | 4.2 |
20 | Škoda | 3.2 |
Кај бојата највисока оценка добила златната со 12,7 поени. Веднаш потоа е кафената боја (12,2 поени). Иако веројатно нема да наидете на златни автомобили на улиците, подобро е да го имате на ум ова кога ќе видите кафеав автомобил.
Место | Боја | Просечна оцена (*/36) |
1 | Златна | 12.7 |
2 | Кафена | 12.2 |
3 | Зелена | 8.5 |
4 | Црна | 7.6 |
5 | Сина | 7.0 |
6 | Бела | 6.0 |
7 | Сребрена | 5.5 |
8 | Црвена | 4.9 |
Што е со погонот?
Па, најмодерните луѓе имаат најголеми психопатски склоности. Зошто? Сопствениците на електромобил добиле оценка од 16/36 поени, по што следат хибридните автомобили (9,8 поени), па дури потоа бензинците и дизелашите. Возачите на дизели имаат просек од 7 поени, а на бензинците 5,2 поени. Ова значи дека сопствениците на автомобили со бензински мотори веројатно нема да бидат психопати.
Погон | Просечна оцена (*/36) |
Електричен | 16.0 |
Хибриден | 9.8 |
Дизел | 7.0 |
Бензин | 5.2 |
Истражувањето исто така покажало дека луѓето со персонализирани регистарски таблички имаат речиси три пати поголема веројатност да покажат психопатски особини отколку луѓето со стандардни регистарски таблички. Испитаниците со персонализирани таблички во просек добивале 13,8 поени од 36 поени, додека оценката на испитаниците со стандардни таблички била само 5,3 поени.
На крајот и малку смирувачки тонови. Ниту еден од тестираните возачи не добил доволно висока оцена за да сугерира дека има јасни карактеристики за да биде психопат. Така да, следниот пат кога ќе видите златно електрично БМВ на улица, не мора да бегате.