BMW се обиде да ја оправда својата одлука за не потпишување на Договорот за прекин на продажбата на нови автомобили со фосилни горива во Европа до 2035 година

Минатата недела, шест производители на автомобили, Ford, GM, Mercedes, Volvo, BYD и Jaguar Land Rover, се обврзаа дека ќе го прекинат производството на мотори со внатрешно согорување до 2040 година. Иако може да се пофали со свој придонес во електромобилноста и заштитата на животната средина, BMW сепак не е меѓу потписниците.

Томас Бекер, шеф на стратегијата за одржливост на BMW, во интервју за Dezeen се обидува да ја објасни позицијата на BMW за непотпишување на договорот со префрлање на вината на посиромашните земји. Имено, во овие земји инфраструктурата не е ни блиску до фаза која би овозможила целосна транзиција кон електрична енергија, па BMW ќе продолжи да нуди класични бензински и дизел мотори додека „посиромашните не си ја завршат работата“.

„Работата е завршена во Холандија и Норвешка, така што таму ќе продаваме само електрични автомобили.

Dezeen истакнува дека во Норвешка и Холандија се достапни 9 јавни полначи на илјада возила, а само 0,4, на пример, во Италија. Бекер за ваквиот резултат го обвинува локалното и државното политичко раководство.

„Овие момци чекаат некој да им истовари пари за да го завршат својот дел од работата. Тие нема да го сторат тоа. Треба да имаме обврзувачки цели кои ќе гарантираат дека дури и посиромашните земји ќе го завршат својот дел од работата“, вели Бекер.

BMW очекува секој втор продаден автомобил во 2030 година да биде електричен и се обврзува брендовите Rolls-Royce и Mini целосно да се префрлат на електрична енергија до тогаш. BMW, од друга страна, исто така ќе остане доследен на фосилните горива, за неговите фанови да не купуваат користени автомобили на бензин или дизел.

„Никој нема да ги забрани постоечките автомобили, а нивната просечна возраст во Европа е 11 години. Затоа е подобро да се вози добар конвенционален автомобил, на пример во јужна Италија, отколку да се вози стар, користен автомобил“, заклучува Бекер.

По ова, сигурно многумина ќе се замислат, помалку поради играта на два колосека на BMW, а многу повеќе за Италија. Ако Италија е сиромашна земја, тогаш што е Македонија?