Audi значително ја зголеми понудата на SUV / кросовер модели во последниве години, но A8 останува модел од есенцијално значење за брендот од Инголштад

Четвртата генерација на предводникот влегува во втората фаза од тековниот животен циклус со неколку промени на надворешноста и со присуство на се она што може да го понуди компанијата во моментов од технолошки аспект.

Почнувајќи од предната страна, основата на „singleframe“ маската на Audi сега е поширока, а забележлива е и пообилната употреба на хром што го краси „целото лице“. Страничните отвори за воздух на браникот сега се во исправена форма, а над нив се редизајнираните фарови, кои имаат ни повеќе ни помалку туку 1,3 милиони микроогледала во рамките на дигиталната матрикс функција, што ги прави исклучително прилагодливи.

За прв пат од лансирањето на A8 во 1994 година, Audi ќе понуди опционален пакет S Line кој вклучува спортски дизајн детали, преземени од перформантниот S8.

Назад, дигиталните OLED светла доаѓаат како стандард, со нова графика во согласност со новите модели на Audi, што на ривалот на Mercedes-Benz S-Class му дава помодерен изглед одпозади.

Подобрувањата на надворешноста се заокружени со четири нови металик нијанси (District Green, Firmament Blue, Manhattan Grey и Ultra Blue) и пет мат бои (Daytona Grey, Floret Silver, District Green, Terra Grey и Glacier White).

Со ентериер кој и пред рестилизацијата беше на самиот врв на автомобилската индустрија, Audi играл паметно со мали промени. На новиот Virtual Cockpit му се придружува опционален head-up дисплеј, додека централната конзола е домаќин на тандем од 10,1 и 8,6-инчни екрани на допир. Секако, има уште два на наслоните на седиштата, за патниците позади, со дијаметар од 10,1 инчи.

Најважната новина во кабинскиот простор ја демонстрира A8L Horch, кој беше претставен минатата недела. Станува збор за топ модел кој е резервиран за кинескиот пазар. Долг е дури 5,45 метри, што го прави 13 сантиметри подолг од A8 L.

Додека A8 L Horch доаѓа исклучиво со V6 мотор, со европскиот A8 / A8 L е нешто поинаку. Тука се V6 3.0 TFSI (340 КС) и V8 4.0 TFSI (460 КС), како и турбодизелот V6 3.0 TDI со 286 КС. Дизелот со осум цилиндри веќе го нема во продажните каталози.

Најмоќниот седан во гамата ја носи ознаката Audi S8. Таа верзија сè уште користи V8 4.0 TFSI мотор кој испорачува 571 коњски сили и забрзува од место до 100 km/h за само 3,8 секунди. Сите модификации имаат 8-степен автоматски менувач, постојан погон на сите четири тркала (Quattro) и лесен хибриден систем на напон од 48 волти.

Новината кога станува збор за погонот се однесува на дополнливиот хибрид. Ја носи ознаката Audi A8 60 TFSI e, а неговата моќност е зголемена од 449 на 462 коњски сили. Термичкиот мотор е ист и предвидува 3-литарски V6 агрегат со турбо полнач.

Основната верзија нуди конвенционална воздушна суспензија, а дополнително се плаќа за активна електромеханичка суспензија, исто така воздушна, но со целосно контролирани движења на шасијата. Електронските системи за помош се поделени во два тематски пакети: Park (наменет за олеснето паркирање), City (го олеснува возењето во град) и Tour (за патеки).

ФОТОГАЛЕРИЈА

Audi A8

[useyourdrive dir=”1SIEpSyzkflaF8OgpPASLZCeu-5xf8quJ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Audi A8L

[useyourdrive dir=”1bTFmaS_TT3z7BV4A3_WVIZ_m7ebPxacg” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на освежениот A8 во Европа ќе започне од декември, а цената на основниот модел во Германија е 99.500 евра.