Нова голема нарачка за Tesla!
По Hertz, уште една компанија се одлучила за флота на електрични автомобили
Откако Hertz објави дека купува 100.000 Tesla возила во зделка вредна 4,4 милијарди долари, пристигнува уште една вест која во голема мера ќе го објасни овој договор на годината, па и деценијата, за американскиот производител.
Станува збор за Uber, кој одлучил да резервира дури 50.000 примероци од автомобилите на Tesla. Иако повеќето возачи на Uber поседуваат возило, високо рангирана личност во компанијата забележува дека многумина сè уште немаат. Затоа, Uber и Hertz ќе ги здружат силите и ќе ја понудат Tesla на сите заинтересирани страни во рамките на мобилната платформа.
Првите модели на Tesla на возачите на Uber ќе им бидат достапни од 1 ноември, во Лос Анџелес, Сан Франциско, Сан Диего и Вашингтон. Во наредните недели ќе следи вистинско проширување.
Позната е и цената за изнајмување. На возачите на Uber ќе им биде понудена Tesla по цена од 334 американски долари неделно, а Uber вели дека во моментов тоа е најдобрата понуда што може да се најде за изнајмување на Tesla. Uber забележува дека неделната цена на изнајмување најверојатно ќе падне на 299 долари.
Постои уште едно ограничување. Tesla ќе можат да го изнајмуваат само оние возачи на Uber кои имаат реализирано минимум 150 возења и добиле оцена од 4,7 ѕвезди.