Rolls-Royce специјалната серија Black Badge ја започна во 2016 година со моделите Wraith и Ghost, потоа во 2017 година дојде Dawn Black Badge и во 2019 година Cullinan Black Badge

Сега британскиот бренд го претстави новиот Black Badge Ghost, опишан како технолошки најнапредниот Black Badge модел.

За Black Badge Ghost, меѓу другото, се предвидени двобојна надворешност (горниот дел и карактеристичната предна Pantheon решетка во црна боја), тиркизна странична линија, тркала од 21 инчи (со елементи од карбонски влакна), дрво и тиркизно сина кожа во внатрешноста (со дијамантски мотив), ѕвездено небо на плафонот, како и осветлен мотив на соѕвездие на совозачката страна од предниот панел.

Вниманието го привлекува и засилениот 6,75-литарски твин-турбо мотор, кој сега генерира 441 kW / 600 КС и вртежен момент од 900 Nm, заедно со 8-степен автоматски менувач ZF.

Автомобилот е долг 5.546 mm, широк 2.148 mm, висок 1.571 mm, меѓуоскиното растојание е 3.295 mm, додека багажникот има волумен од 500 литри. Тешкиот 2.490 килограми Black Badge Ghost до 100 km/h забрзува за 4,7 секунди и може да достигне до електронски ограничени 250 km/h.

Сосема за крај, фабриката наведува дека комбинираната потрошувачка на гориво е 15,8 l/100 km, како и тоа дека емисијата на CO2 е 359 грама по километар.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1AVB1NKgRQuxdBhPbqxjcqMAHxN4xq4sN” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]