Следниот месец во Германија ќе стапи на сила новиот закон кој предвидува значително повисоки казни од претходните

Новиот закон ќе се применува од 9 ноември, а возачите ќе се соочат со многу повисоки казни доколку сторат сообраќаен прекршок.

  • Возачите кои ќе го паркираат своето возило на местото каде што важи општа забрана за запирање или паркирање ќе бидат казнети до 55 евра наместо досегашните 15 евра.
  • Секој што во градски средини вози 16 до 20 km/h повеќе од дозволеното, наместо 35, ќе плати 70 евра. Возачите кои се возат низ град со 91 km/h наместо дозволените 50 km/h ќе платат 400 наместо 200 евра итн.
  • Доколку паркирате на место наменето за инвалиди, очекувајте казна од 55 наместо досегашните 35 евра.
  • Сосема нова одредба во законот се однесува на неовластено паркирање на место предвидено за електрични возила и „car sharing“ возила, а казната е 55 евра.
  • Секој што ќе помине на лентата за итни случаи или дури ќе ја користи за побрзо движење со автомобил, може да очекува казна од 200 до 320 евра, како и месечна забрана за возење.
  • Камионџиите кои ќе ја прекршат новововедената обврска камионот да го возат само со брзина на пешаците при свртување десно во град, ќе платат казна од 70 евра.
  • Незаконското користење на тротоари и велосипедски патеки од возила ќе се казнува со глоба до 100 евра наместо до 25 евра како што важеше досега.
  • Од 20 на 100 евра се зголемува казната за предизвикување непотребна бучава при работа на моторот и загадување предизвикано од издувните гасови од автомобилите.