BMW наскоро ќе го прекине производството на термички мотори во главната фабрика
BMW vo 2024 година ќе престане да произведува мотори со внатрешно согорување во својата главна фабрика, изградена до седиштето на компанијата во Минхен! Барем така се чини според објавата на еден член на Одборот на директори на компанијата задолжен за организација на производството
Моторите со внатрешно согорување кои Баварците во моментов ги склопуваат во Минхен ќе продолжат да се склопуваат во фабриките на BMW кои работат во Австрија, како и оние активните во Обединетото Кралство, што не значи дека конвенционалните автомобили нема да се склопуваат во главниот град на Баварија.
Меѓутоа, до 2023 година, околу половина од возилата склопени во Минхен ќе бидат електрифицирани, така што тие ќе припаѓаат на сегментот на чисто електрични возила, батериски возила или plug-in хибриди. Ова е во согласност со најавата на германскиот производител, веќе до 2030 година, најмалку половина од глобалната продажба на BMW да се базира на пласман на електрични модели. Минатата недела, извршниот директор на BMW AG, Оливер Ципсе, изјави дека баварската групација ќе биде подготвена за можно предвремено, принудно укинување на моторите со внатрешно согорување, доколку тоа се случи пред 2030 година.
Инаку, интересно е што батерискиот i4 се составува на истата, заедничка производна линија со седанот и караванот од (конвенционалната) Серија 3, која сепак има и plug-in хибридна верзија. За да може да произведе два технички толку разновидни модели на една линија, BMW објави дека е принуден да инвестира околу 200 милиони евра во производствената инфраструктура. Слично заедничко производство сега се работи во фабричкиот комплекс подигнат во Динголфинг, Германија, каде кросоверот на батерии BMW iX се произведува паралелно со хибридните и термичките модели на Баварците.
Претходно, BMW објави дека очекува од 70 до 90 илјади возила помалку да излезат од фабричките ленти на групацијата оваа деловна година, сето тоа поради проблеми во синџирот на снабдување со микропроцесори, нешто што ја мачи целата автомобилска индустрија.