РКЕ: Цените на горивата оваа недела без промени!
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 17.10.2021 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,633 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,377 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,040% или за 8,250 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,304 % или за 2,200 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,357 % или за 2,550 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,402 % или за околу 2,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 53,0748 ден/$ и е за околу 0,454 % понизок од курсот на доларот (53,3169 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.