На дожд, не треба премногу да се потпирате на системите за асистенција на возачот / ВИДЕО
Имаат сериозни недостатоци!
Истражувањето, спроведено од Американската автомобилска асоцијација (ААА), покажало дека дождот може да има сериозно влијание врз правилното функционирање на системите за безбедност на возилата. Здружението во тест симулирало дожд и други фактори на животната средина, а сето тоа открило помала способност за функционирање на системите под помалку идеални услови.
Тестирани биле функции како што се автоматско сопирање при итни случаи и помош при одржување на сообраќајната лента во услови на умерен до силен дожд, и сите негативно влијаеле врз функционирањето на двата системи. Првата брзина во тестот за автоматско сопирање при итен случај била 40 km/h, при што дошло до судир со запRenault возило во 17 проценти од случаите. Со брзина од 56 km/h, судири се случиле во 33 проценти од случаите.
Понатаму, системите за помош за одржување во сообраќајна лента поминале дури и многу полошо. Тестовите покажале дека автомобилот излегува од својата лента во 69 проценти од времето во услови на умерен и силен дожд.
„Системите за безбедност на возилата се потпираат на сензори и камери за да видат ознаки на патиштата, други автомобили, пешаци и блокади. Затоа, тие се природно почувствителни на фактори на животната средина, како што е дождот. Реалноста е дека луѓето не возат секогаш при совршено, сончево време, затоа треба да го прошириме тестирањето и да ги земеме предвид работите со кои луѓето навистина се судираат во секојдневното возење“, вели Грег Банон, извршен директор на ААА.
Она што навистина загрижува е фактот дека, иако некои возила ги деактивираат своите системи за асистенција на возачот во неповолни услови, ниту еден систем не го предупредил возачот за нефункционалноста за време на тестирањето.
„ААА признава дека овие системи имаат способност да ја намалат можноста за судири и да ја подобрат севкупната безбедност при возењето. Прилагодување на нивните перформанси и обезбедување поконзистентно искуство за возачите во голема мера ќе го открие нивниот вистински потенцијал“.