Веста и не е целосно нова, затоа што ова беше објавено уште во мај 2020 година. Она што беше непознато беше датата. Сега и тоа е познато. Веќе следната година.

Планот, кој беше објавен пред неполна година и пол, односно непосредно пред актуелниот извршен директор Лука де Мео да го преземе кормилото на Renault, предвидуваше заштеди преку намалување на оперативните трошоци за две милијарди евра. Идејата вклучува еутаназија за три модели од асортиманот на фабриката Дуаи, и сето тоа затоа што популарноста на трите модели имаше незапирлив опаѓачки тренд. Сето ова за жал се совпадна и со судбината на самата фабрика, која во рекордната 2004 година „исфрлила“ 469.510 возила, за потоа да падне на мизерни 49.053 монтирани автомобили во 2020 година.

Во овие погони работат нешто повеќе од 2,7 илјади луѓе кој од првиот ден на следната година ќе произведуваат електрични автомобили. Фабриките веќе ова лето се прилагодени за лансирањето на батерискиот Mégane E-Tech Electric. Електричниот компакт ќе стапи на сцена почнувајќи од март следната година, точно во моментот кога Talisman ќе згасне.

По лимузината, во историјата ќе замине и Espace, додека Grand Scenic ќе се приклучи на крајот од 2022 година. Неколку месеци пред поголемиот, во пензија ќе замине и помалиот Scenic. Причината зошто седмоседот останува подолго во понудата се крие во фактот дека неговото присуство е неопходно до почетокот на понудата на новиот седмoсед Kadjar, кој се очекува во 2023 година.

Сепак, aко е за утеха, иако моделите се укинуваат, имињата продолжуваат да живеат, така што Trafic Combispace најверојатно ќе се преименува во Espace, додека компактниот електричен теренец (HCB) ќе го наследи името Scénic веќе во 2023 година.

Конечно, можеби ќе ве интересираат и бројките што го илустрираат користењето на производствениот капацитет во фабриката Дуаи, односно движењето на побарувачката за овие три модели.