Само две возила во реални услови трошеле исто колку и на WLTP тестот, па дури и помалку од тоа. Тоа се Peugeot e-208 и Renault Zoe

Германскиот магазин Auto Zeitung тестирал електрични возила на пат и нивната потрошувачка, односно отстапувањата од WLTP мерењата. Овие мерења на потрошувачката се воведени откако претходниот стандард NEDC се покажа дека не е во склад со реалната потрошувачка, односно вршен е во лабораториски услови. Во случај со потрошувачката кај дизелите и бензинците, WLTP се покажа како многу попрецизен, иако има отстапувања во многу модели, односно бројките на тестот се многу подобри отколку во реалноста. Што е со електричните автомобили? Па скоро исто ако се земе во предвид дека само две возила во реални услови потрошиле како на WLTP тестот па дури и помалку. Тоа се Peugeot e-208 и Renault Zoe.

WLTP е во употреба од 2018 година, но производителите на автомобили сепак лобираа и успеаја да олеснат некои од неговите тест процедури. Опсегот на новите автомобили се мери на точно 23 степени надворешна температура, што е идеално. Греењето и климатизацијата остануваат исклучени за време на мерењето, со што се намалува потрошувачката на гориво.

Интересно, некои возила трошат дури 30 проценти повеќе (вредностите се во kWh) од декларираното.

Отстапување до 10 проценти

Модел Потрошувачка
според
производителот*
Потрошувачка
во праска*
Разлика
Peugeot e-208 17.6 17.1 -3 %
Renault Zoe R 135 ZE 50 17.7 17.7
Peugeot e-2008 17.8 18.2 2 %
Kia e-Niro 15.9 16.3 3 %
Audi RS e-tron GT 20.6 21.4 4 %
Mazda MX-30 e-Skyactiv 19. 20.2 6 %
VW ID.4 Pro 18.9 20.2 7 %
BMW i3 15.3 16.6 8 %
Porsche Taycan Turbo S Cross Turismo 24.4 26.6 9 %

Отстапување до 20 проценти

Модел Потрошувачка
според
производителот*
Потрошувачка
во пракса*
Разлика
Opel Zafira-e Life 27.3 30.2 11 %
Hyundai Kona Electric 14.7 16.6 13 %
Audi Q4 Sportback e-tron 50 quattro 17.6 19.9 13 %
Mercedes EQV 300 28.1 32 14 %
Porsche Taycan Turbo S. 24.7 28.2 14 %
Renault Twingo Electric 16 18.3 14 %
Mini Cooper SE 15.2 17.9 18 %
Mercedes EQA 250 17.8 21.1 19 %
Tesla Model 3 Standard Plus 14. 16.8 20 %

Отстапување до 30 проценти

Модел Потрошувачка
според
производителот*
Потрошувачка
во пракса*
Разлика
Fiat 500e 14. 16.9 21 %
Škoda Enyaq 80 iV 16.7 20.4 22 %
Opel Mokka-e 17.4 21.7 25 %
Audi e-tron S Sportback 26.4 33.2 26 %
Volvo XC40 P8 AWD 23.8 30.3 27 %
Tesla Model S Performance 20 26 30 %

Отстапување над 30 проценти

Модел Потрошувачка
според
производителот*
Потрошувачка
во пракса*
Разлика
BMW iX3 19.5 25.6 31 %
Polestar 2 Long Range 19.3 25.5 32 %
VW ID.3 Pro 15.4 21 36 %
Aiways U5 16.6 23 39 %
Ford Mustang Mach-E AWD 18.7 26.5 42 %
Mercedes EQC 400 4Matic 22.2 33.6 51 %