Volkswagen Taigo влезе во производство
Првиот купе теренец на Volkswagen за потребите на европскиот пазар тргнува во освојување на Стариот континент
Првите примероци веќе се симнати од производствените линии во фабриката Наваро во Шпанија, а тоа е многу важна информација за фабриката на Пиринејскиот Полуостров. Всушност, ова е прв пат на оваа локација да се склопуваат три различни модели.
Volkswagen има големи очекувања од Taigo во Европа, пред се од германскиот пазар. Така, првата произведена единица е наменета за клиент од Германија. Автомобилот кој го „скрши мразот“ користи 1.5-литарски TSI мотор и има R-Line пакет на опрема.
Фабриката во Наваро ќе има многу работа во наредниот период. Покрај Taigo, овде се произведува и неодамна рестилизираното Polo, како и кросоверот Т-Cross. Сите три модели имаат сериозна побарувачка во Европа, што секако е добра вест за шпанските работници.
Што се однесува до самиот модел Taigo, тој неодамна го имаше своето јавно деби на саемот за автомобили во Минхен, каде што беше една од ретките премиери надвор од EV сегментот.
Во продолжение цените за германскиот пазар
мотор и менувач | TAIGO | LIFE | STYLE |
---|---|---|---|
1.0 TSI 95 KS M5 | 19.350 € | 22.440 € | — |
1.0 TSI 110 ks DSG 7 | — | 25.655 € | 28.375 € |
1.5 TSI 150 ks DSG 7 | — | — | 30.410 € |