Tesla патентиралa систем на ласерски брисачи
Илон Маск е добро познат како љубител на видео игри и научна фантастика, често користејќи референци од овие правци кога креира бројни производи
Новата Plaid верзија на Tesla е директно инспирирана од научно-фантастичната комедија „Spaceballs“ од 1987 година. Поради неговата љубов кон научната фантастика, употребата на ласери на автомобили од овој производител изгледа како логичен потег и може да се реализира пред да замислиме. Американскиот производител на електрични автомобили патентирал нов дел за своите модели кој користи вистински ласери, но за жал не може да ги дезинтегрира лошите возачи на патот. Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД му одобрила патент на Tesla кој користи ласер за чистење на остатоците од ветробранските стакла и прозорците на возилата.
Според официјалните информации, Tesla поднел барање за патентирање на Pulsed Laser Cleaning of Debris Accumulated on Glass Articles in Vehicles and Photovoltaic Assemblies систем уште пред две години, но дури сега Канцеларијата за патенти и трговски марки на Соединетите држави го одобрила патентот, кој конечно е подготвен да влезе во производство. Компанијата ја опишува оваа нова функција како средство за чистење кое користи оптички систем за емитување на ласерски зрак задолжен за отстранување на нечистотија и остатоци без оштетување на шофершајбната или нанесување штета на возачот и патниците.
Податоците за патентот наведуваат дека истиот е измислен од Фирозе Далал, кој соработува со Tesla веќе четири години и во моментов ја носи титулата Виш експерт за научни и индустриски апликации. Важно е да се напомене дека патентирањето на овој систем не значи дека се гарантира дека ќе се појави во сериски автомобили, меѓутоа, би било фантастично кога би можеле да се пофалиме со ласерски бришачи кои чистат измет од птици и бубачки од нашите стакла без да ги валкаме рацете.