РКЕ: Цената на бензините без промена, дизелот поевтинува!
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 13.09.2021 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт 13.09.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.09.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.09.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 64,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.09.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,181 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 1,160 % или за 8,650 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 3,228 % или за 19,450 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 3,131 % или за 18,550 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,992 % или за околу 9,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,1870 ден/$ и е за околу 0,586 % повисок од курсот на доларот (51,8830 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.