Еве од кога Hyundai ќе почне да нуди само електрични автомобили во Европа?!
Јужнокорејската марка ја потврди својата посветеност кон електричната мобилност на тековниот салон за автомобили во Минхен, особено за Стариот континент
Hyundai ги претстави „трите столба“ во својата стратегија за јаглеродно неутрални емисии. Првиот столб е т.н „Чиста мобилност“. Според Корејците до 2030 година, 30% од глобалната продажба на брендот ќе падне на возила со нулта емисија (електрични и водородни автомобили). Покрај тоа, тие веруваат дека до 2040 година, учеството во продажбата на таквите модели ќе се искачи на дури 80%.
Потврдено е дека по 2035 година, електричните и водородни автомобили ќе бидат единствените достапни во Европа, од брендот се разбира. Hyundai овој процес ќе го забрза во некои земји каде што се најавува забрана за автомобили со мотори со внатрешно согорување и пред оваа година (како што е Велика Британија, каде што по 2030 година нема да може да се продаваат возила со термички мотори без хибридизација).
Гамата на Ioniq ќе има задача да го одведе Hyundai во нова ера, ера на електрична мобилност. Ioniq 5 веќе се претстави многу добро на пазарот, а Ioniq 6 – електричен седан, ќе пристигне во следните неколку месеци. Ним сестрано ќе им помогнат автомобилите кои користат горивни ќелии. Hyundai објави дека Nexo наскоро ќе биде освежен, како и дека ќе пристигнат два сосема нови модели кои ќе користат водород – MPV во 2023 година, а потоа и еден теренец.
Вториот столб на стратегијата на Hyundai се однесува на повеќе решенија за мобилност. Корејците немаат намера да се ограничат само на патниот сообраќај и интензивно работат на развојот на летечки автомобил. Третиот дел од планот е поврзан со зелената енергија, поточно напорите на Hyundai да направи повеќе за добивање енергија од обновливи извори, потоа car-to-grid мрежа, но и рециклирање и изнаоѓање нови цели за користени батерии од ЕВ моделите.