Cupra UrbanRebel Concept / ФОТО+ВИДЕО
Следната недела започнува салонот за автомобили во Минхен, а на него Cupra ќе изложи и концепт на спортски автомобил. Во меѓувреме, Cupre ги објави и првите официјални слики и основни податоци
Станува збор за концептот UrbanRebel кој Cupra го опишува како нивна „најрадикална интерпретација на урбан електричен автомобил“.
Во соопштението од компанијата се наведува дека UrbanRebel Concept навестува како ќе изгледа спортскиот автомобил на Cupra за 2025 година, базиран на MEB платформата на Volkswagen за електрични возила.
Концептот UrbanRebel претставува револуција во брендот кон попрогресивен дизајнeрски јазик, зачувувајќи ги вредностите што го идентификуваат секој модел на Cupra: неговиот спортски карактер и карактер што го прави неконвенционален предизвикувачки бренд.
Концептот Cupra UrbanRebel е вкоренет во филозофијата за дизајн на Cupra: емотивен и оригинален дизајн кој се издвојува благодарение на впечатливите и атлетски линии, смел израз, со родово неутрален пристап и акцент на електричната ера.
Возилото комбинира чиста електрификација, одржливост и перформанси со возбудлива естетика под влијание на дигиталната ера. Тој дава идеја за идниот дизајнерски јазик на урбаното електрично возило, кое компанијата ќе го лансира во 2025 година.
Возилото е долго 4.080 mm, широко 1.795 mm, високо 1.444 mm и има континуирана моќност од 250 kW / 340 КС (максималната моќност е 320 kW / 435 КС). Забрзувањето од 0 до 100 km/h изнесува 3,2 секунди.