Голема понуда во малиот ван сегмент

Премиерата беше најавена минатиот месец, кога беше потврдено дека ова лесно комерцијално возило ќе биде достапно во стандардни верзии со мотори со внатрешно согорување, но и во целосно електрична варијанта.

Без оглед на верзијата, Citan доаѓа со компактни надворешни димензии, дарежлив товарен простор, како и практична странична лизгачка врата. Во гамата има и патничка верзија наречена Citan Tourer, со најава дека ќе понуди висока функционалност и променливост.

Новиот Citan е долг 4.498 mm, додека максималната товарна должина во карго верзијата е 3.050 mm (со флексибилна преграда).

Слично како кај моделите на Renault, Kangoo и Express, Mercedes исто така ќе го подели својот помал LKV во серија од два модели. Ова значи дека Citan ќе биде попристапен модел наменет за деловни клиенти и помали компании, додека T-Class ќе биде полуксузна верзија, прилагодена за потребите на семејствата.

Опремата, меѓудругото, вклучува MBUX систем (Mercedes-Benz User Experience), екран од 7,0 инчи, седум воздушни перничиња, систем за одржување на возилото во сообраќајната лента …

Опсегот на мотори ќе вклучува три дизели (75 КС, 95 КС и 116КС) и два бензинци (103 КС и 131 КС), сите со старт/стоп систем. Од менувачите, се споменуваат 6-брзински мануелен и 7-брзински автоматик со двојна спојка.

Електричната верзија eCitan ќе биде достапна следната година (со автономија од 285 километри и полнење до 80% од капацитетот на батеријата за околу 40 минути). Mercedes eCitan исто така ќе може да се нарача во подолга верзија со 7 места за патници.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1wOkgSjpwMXXfmJC-MekIJyl73N4Ma4tH” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на Citan ќе започне следниот месец, а цената за патничката варијанта ќе започнува од 23.800 евра, додека карго верзијата ќе чини помалку од 20.000 евра. Се разбира ова се цени за германскиот пазар.