Дејвид Култхард го испроба Mercedes-AMG One / ВИДЕО
Серискиот модел ќе дебитира до крајот на оваа година, а предпродукцискиот модел го тестираше и поранешниот Formula 1 возач Дејвид Култхард, кој исто така е еден од купувачите на овој хиперавтомобил
Mercedes-AMG One комбинира 1.6-литарски V6 турбо мотор од Formula 1 болидот на Mercedes, четири електрични мотори, литиум-јонски батерии, погон на сите тркала и автоматизиран 8-брзински мануелен менувач Xtrac.
Комбинираната моќност е 746 kW / 1.014 КС, иако неофицијалните информации велат дека всушност е 895 kW / 1.216 КС.
Од моделот ќе бидат изработени само 275 парчиња, по цена од 2,7 милиони долари секое, но, според информациите, сите се веќе продадени однапред.