Hyundai Staria е најатрактивното комбе на пазарот и веќе пристигна во Европа
Aко дизајнерскиот израз на новиот Hyundai Tucson беше позитивно изненадување за светот, тогаш нов дизајнерски израз на новото супер привлечно „комбе“ е полн погодок
Неговото име е Staria, а многумина го прогласија за „виновен“ бидејќи идејата за ван како идно возило, дефинитивно е замислива, особено оние кои треба да превезуваат повеќе патници без да сакаат да се откажат од модерната естетика и удобност.
А Staria го нуди токму тоа, врвен дизајн и технологија. Сега се знае и по која цена. Имено, врвното издание Signature веќе е достапно во Европа, на германскиот пазар, по цена од 56.150 евра или 58.150 евра за AWD изведбата. Во двата случаи, станува збор за 2.2 CRDi дизел со 177 КС и 430 Nm.
Врвното издание овде значи ентериер Nappa кожа, електрично отворање на страничната врата, вентилирани седишта со греење, амбиентално осветлување, звучен систем Bose и мноштво додатоци за подобро чувство при возењето.
Тука треба да се спомене и можноста за развлекување на седиштата во вториот ред, како и камера со широк агол за следење на целата кабина. Стаклениот панорамски покрив е опционален по цена од 1.200 евра.
Дополнитлно треба да пристигнат и поевтините верзии со почетна цена од околу 40.000 евра.