Илон Маск најави хуманоиден робот Tesla Bot / ВИДЕО
Најавата доаѓа од презентацијата по повод „денот на вештачката интелигенција на Tesla“
Првиот човек на Tesla, Илон Маск, најави дека американскиот производител на електрични автомобили најверојатно веќе следната година ќе претстави прототип на хуманоиден робот за опасни, повторувачки или здодевни работи кои луѓето не ги сакаат.
Најавата доаѓа од презентацијата по повод „денот на вештачката интелигенција на Tesla“ и вели дека роботот, висок околу 170 сантиметри, ќе може да извршува разни задачи, од вртење завртки за автомобили до земање намирници во продавници.
Проценката на Маск е дека роботот ќе има „длабоко влијание врз економијата“, решавајќи го проблемот со недостаток на работна сила. Тој напомена дека е важно да се постигне оваа машина да не биде екстремно скапа.
Презентацијата е одржана во време кога компанијата Tesla е под внимание на јавноста и надлежните служби поради напредниот систем за автономно возење, кој е инсталиран во автомобилите од оваа марка.
Маск не ги коментирал безбедносните прашања во врска со оваа технологија, но вели дека е убеден дека со помош на тековните камери во возилата и компјутерите, ќе се постигне целосно автономно возење, со повисок степен на безбедност отколку кога некое лице е позади воланот.