Во 1992 година, McLaren F1 чинел 540.000 фунти, или 1.146.365 фунти денес кога вредноста ќе се прилагоди со инфлацијата. Во евра, тоа би било 1.347.323

 

Меѓутоа, McLaren F1 во меѓувреме достигна многу повисоки бројки, а најдобар пример за тоа е бројот на шасија 029 (VIN SA9AB5AC9S1048029), бидејќи на аукција е продаден за 20.465.000 долари.

Првично се проценувало дека трансакцијата на овој V12 суперавтомобил ќе вреди над 15 милиони американски банкноти, но оваа копија, која била во „временска капсула“, со поминати помалку од 390 километри, ги надминала очекувањата. Автомобилот прво бил во сопственост на јапонски колекционер, а овој Creighton кафеав модел првенствено бил изложен на музејски штанд во првите 17 години од своето постоење. Вториот сопственик исто така бил колекционер, но од САД, на кого овој феноменален автомобил му бил доставен во 2013 година, кога бил преземен од компанија со седиште во Балтимор за голема сума.

Сите записи, фактури и преписки биле вклучени во продажбата, заедно со фабричкиот сет на куфери, прирачник и список со алатки. Како што се очекува од толку пожелна машина, бројот на шасија 029 сеуште го има оригиналниот модем за комуникација, момент клуч, титаниумски рачен алат, упатство за корисникот, два сета клучеви, како и сервисна гарантна картичка. Пакетот исто така вклучува TAG Heuer 6000 хронограф часовник и луксузна копија од книгата „Driving Ambition: The Official Inside Story of the McLaren F1“, од Даг Наја.

Од автомобилот се произведени само 64 единици и тоа помеѓу 1994 и 1998 година, а VIN SA9AB5AC9S1048029 е меѓу оние што поминале најмалку километри. Според аукциската куќа „Gooding & Company“, ова е една од трите преостанати копии со помалку од 1.000 милји (1.609 километри).

23 години по престанокот на производството, F1 сeуште е еден од најбрзите сериски автомобили со атмосферски мотор, достигнувајќи максимална брзина од 386,4 km-h. Меѓу другото, за таквите перформанси е одговорен најдобриот мотор што некогаш го направил BMW, познатиот „високoтуражен“ Ѕ70/2 со 627 КС.