РКЕ: Ново намалување на цената на горивата!
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 09.08.2021 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.08.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,195 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.08.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,681 ден/кг.
Во објаснувањето на одлуката за зголемување на цените стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,104 % или за 15,100 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 1,735 % или за 10,150 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 1,873% или за 10,850 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 1,975 % или за околу 8,950 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,3391 ден/$ и е за околу 1,086 % повисок од курсот на доларот (51,7765 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.