Повторно роден. Ова се првите слики од новиот Lamborghini Countach LPI 800-4 / ФОТО
На познавачите на приликите одамна им е јасно дека Италијанците од Санта Агата Болоњезе нема лесно да се откажат од своите мотори со 12 цилиндри
Но, веројатно и малкумина од нив очекуваа дека новиот Lamborghini Countach ќе биде објавен во 2021 година и тоа со V12 единица!
Пред половина век, прототипот Countach ја видел светлината на денот. Автомобилот имал дополнителна ознака LP500, што покажува дека возилото имало 5.0-литарски мотор монтиран надолжно, што било голема промена од постарата Miura, во која моторот со 12 цилиндри бил поставен попречно. Но, најважен бил дизајнот. Од каросеријата со клинеста форма до вратите кои се отвораат нагоре. Возилото дизајнирано од Гандини целосно го оправдало своето име, што на пиемонтскиот дијалект значи нешто како возбуда и изненадување.
Автомобилот се произведувал 16 години (од 1974 до 1990 година), се разбира редовно бил освежуван и со нови верзии. Последната од нив, за 25-годишнината – според многумина, е карикатура на овој автомобил и само сенка на неговата поранешна слава, барем од аспект на дизајнот. Иако автомобилот се уште оставал колосален впечаток, од неговата стара слава немало ништо.
Дали светот сакаше нов Countach? Има нов Countach.