Ако сакате Mercedes EQS треба да имате „длабок“ џеб!
Цените за германскиот предводник во EV сегментот стартуваат од над 100.000 евра
Mercedes официјално започна да прифаќа нарачки за EQS, електричниот пандан на С-класатa, a познати се и цените за луксузната батериска лимузина.
Спецификации:
Карактеристика | EQS 450+ | EQS 580 4MATIC |
Максимална моќност | 245 kW / 387 КС | 385 kW / 523 КС |
Максимален вртежен момент | 568 Nm | 855 Nm |
0-100 km/h | 6,2 сек. | 4,3 сек. |
Максимална брзина | 210 km/h | 210 km/h |
Потрошувачка на струја на 100 km | 19.8 – 15.6 kWh | 21.2 – 18.4 kWh |
Дострел | 780 km | 676 km |
Погон | на задните тркала | на сите тркала |
Се нудат две варијанти – EQS 450+ и EQS 580 4Matic. Првата е воведниот модел, кој чини 106.374 евра во Германија со базниот пакет на опрема.
Mercedes EQS 450+ располага со вкупно 387 КС и 568 Nm, што му овозможува спринт до „стотка“ за 6,2 секунди. Моќта се испраќа на задните тркала, а оваа верзија може да помине 780 километри со целосно наполнета батерија.
Верзија | BASE | ELECTRIC LINE | AMG LINE | EDITION 1 |
EQS 450+ | 106.374,10 € | 107.921,10 € | 111.134,10 € | 124.224,10 € |
EQS 580 4MATIC | 135.529,10 € | 137.076,10 € | 140.289,10 € | 153.379,10 € |
EQS 580 4Matic става акцент на перформансите, а автономијата на движење е помала (676 километри). Возачот може да смета на 523 КС и 855 Nm, што овозможува спринт до 100 km/h за само 4,3 секунди.
Оваа верзија секако е и поскапа. Почетната цена е дури 135.000 евра, а во „најмоќниот“ пакет опрема достигнува цена од неверојатни 153.000 евра!