Volkswagen го укина својот најпродаван производ!
По 50 години, во Volkswagen одлучиле гласно и јасно да му кажат не на својот најпродаван производ – VW кари колбасот
Продаваат околу седум милиони килограми од нив секоја година, но сега на тоа му доаѓа крајот, бидејќи во фабричката кантина месото ќе биде забрането.
Со години, кари колбасот на VW е омилен избор на работниците за ручек. Според интерното соопштение, деловниот ресторан во фабриката во Волфсбург по празниците мора да безмесен, што значи дека околу 150 јадења што се нудат ќе бидат без месо. Повремено во менито ќе се нуди риба. Колбасот е веќе забранет во фабриката на VW во Хановер.
Наводно, токму мнозинството работници биле оние кои сакале вегетаријански и вегански алтернативи. Промената е во служба и на грижата за животната средина, бидејќи помалата потрошувачка на месо, исто така, помага да се зачува природната средина.
Сепак, укинувањето се однесува само на фабричките мезни, а сите оние кои сеуште сакаат да уживаат во вкусот на кари колбасите, само треба да го преминат патот и да ги побараат во друг ресторан.