Балканска работа! Романец во Rolls Royce го изблокирал цел сообраќај, а причината е неверојатна / ВИДЕО
Сопственикот се преценил и очигледно заборавил каков ѕвер има под хаубата
Нешто помалку од 2,4 тонскиот автомобил се напојува со чудовиште од 6.6 V12 мотор кој, според официјалните податоци, „пие“ просечно по 21,2 l / 100 km. Во урбани услови, тоа е значително повеќе, така што и покрај резервоарот од 83 литри, опсегот не е многу голем. А ако се запали сјаличката за резерва, имате малку време и простор да реакција.
Ова на своја кожа го доживеал возачот чиј автомобил буквално застанал среде пат во најпопуларното романско летувалиште Мамаја на брегот на Црното Море, кое е полно со туристи во летните месеци. Не е познато дали мерачот за гориво откажал или возачот едноставно бил незаинтересиран, но сигурно е дека прилично се засрамил кога го создал сообраќајниот метеж. Единствено решение било да се земе бензин во канистер и рачно да се наточи, колку да се стигне до првата бензинска станица
Се разбира, камерите снимиле се, а снимката од автомобилот од речиси 300.000 евра со јасно прикажани регистарски таблички брзо стигнала до сите романски ТВ канали.