Германците инсталираат „клима-уреди“ во патиштата
Летно време, патиштата пукаат од големата топлина, во зима се лизгави поради мраз. Кое е решението?
И двете појави се опасни и често резултираат со сериозни несреќи, а дупките треба да се закрпат. Германците мислат дека имаат решение и веруваат дека вистинскиот начин е да се инсталира еден вид клима уред во патот. Досега патиштата во некои европски земји беа загревани, но сега за првпат и ќе се ладат.
Температурата на геотермалната вода која ќе поминува низ инсталациите не е висока, но ќе помогне при ладење во лето и греење во зима. Се тестира и друга технологија.
Вкупно ќе се изградат пет тест полиња и едно референтно поле на должина од по 55 метри. Сите 5 тестни полиња имаат различни технички имплементации за контрола на температурата на патиштата. Две полиња за тестирање ќе се загреваат / ладат со вода, а три полиња за тестирање ќе користат воздушни комори во патот за ладење/греење (сè уште не е одредено како ќе работи овој систем).
Ефектот на еден таков „клима-уред“ ќе се тестира три години со вградени сензори за температура. Покрај тоа, камерите за термичка слика ќе ги следат температурите на површината на асфалтот. Поединечните системи потоа се поврзани со напојувањето, а областа за тестирање може да се загрее или лади.
За Германците, овој систем е особено интересен на најкритичните делови, кривини, излези од тунели…