Студија: Производството на електрични автомобили е за третина поштетно од склопувањето на конвенционалните
Експертите од лабораторија во Чикаго по има Argonne National Laboratory спровеле студија која открива дека, во смисол на јаглероден отисок, производството на модели на автомобили со батерии е многу попогубно отколку она на традиционалните мотори со внатрешно согорување
Разликата во негативните ефекти по природата се мери со 32%, според тоа колку природата останува похендикепирана при составувањето електрични автомобили. Меѓутоа, за време на самиот животен век, односно за време на работата на возилото, оваа разлика се компензира, пред се поради отсуството на локално генерирани емисии, на кој начин овие возила се квалификуваат како еколошки.
Експертите напишале документ врз основа на кој може да се види дека тие зеле предвид илјадници различни фактори, почнувајќи од типот на метал што се користи во батериите, сè до количината на алуминиум и пластика што се користат во структурата на батеријата. Водечкиот аналитичар во лабораторијата, Џерод Кореј Кели, вели дека за време на производството на електрично возило, се ослободува повеќе јаглерод диоксид во атмосферата во споредба со истата постапка при составување на традиционален автомобил. Разликата кој е неповолна за електричните автомобили се создава во секторот за производство на ќелии на батерии.
Истражувачите се обиделе да најдат одговори на уште неколку прашања кои неизбежно произлегуваат. Така, заклучиле односно пресметале колку километри мора да помине електричната Tesla Model 3 за да се неутрализира ефектот на зголемено ниво на штетни емисии на јаглерод диоксид кое се генерира преку производството, во споредба со конвенционалниот бестселер Toyota Corolla во бензинска верзија.
Значи, во услови на експлоатација што се карактеристични за Кина или Полска, каде електричната енергија најчесто се произведува на највалкан начин, односно со согорување на јаглен, научниците заклучиле дека автомобилот со батерии ќе стане поеколошки од оној со SUS мотор, само по 126.655 километри. Спротивно на тоа, во Норвешка, каде производството на електрична енергија со согорување купишта јаглен е напуштено, точката на рамнотежа се постигнува по само 14.000 километри. Во Америка, каде една четвртина од електричната енергија се генерира во озлогласените термоцентрали, рамнотежа се случува по 21.735 километри.
Судејќи според она што го велат експертите, производството на електричен автомобил со средна големина доведува до емисија на 47 грама јаглерод диоксид на измината милја (нешто повеќе од 1,61 километар). Оваа бројка се однесува само на емисиите што се јавуваат до моментот на испорака до клиентот. Во конвенционално возило со слична големина, овој параметар е на ниво од 32 грама, повторно по растојание од една милја.
Но, не е сè толку црно за електричните автомобили. Како што објави Reuters, во најлош случај, односно кога електричниот автомобил добива енергија само преку согорување на јаглен, односно добиен во термоцентрала, тој ќе испушти 4,1 тони соединенија на CO во текот на годината, додека аналогната бројка за бензинско возило ќе биде повеќе од 4,6 тони.