Наследникот на VW Caddy Alltrack се вика VW Caddy PanAmericana / ФОТО
Volkswagen ја престави „крос“ верзијата на својот мултифункционален модел – VW Caddy PanAmericana
Производителите на автомобили сакаат да ги исполнат очекувањата на клиентите. Доколку клиентот сака SUV – ќе добие SUV. Ако клиентот сака кросовер – ќе добие кросовер. Некој очекува теренски акценти во комбе? Клиентот дури и не мора да зборува ништо повеќе, производителот веќе знае!
Една година по премиерата на петтата генерација на Caddy, пристигнува верзија на PanAmericanа, како замена за претходната генерација на Caddy Alltrack. PanAmericana ќе биде достапна во две верзии – патничка и товарна, додека погонот на сите тркала е достапен како опција.
Нема промени кои ги зголемуваат карактеристиките на теренецот, освен ако не ги вклучиме малку променетиот дизајн на мат црните браници, како и заштитните додатоци на долниот дел од каросеријата и лаковите над тркалата.
Визуелната различност од другите верзии, меѓу другото, ја надополнуваат стандардните LED светла, тркала од 17 инчи, избор од пет бои на каросеријата, кои се движат од бела и црна до бакарно бронзена металик, кровни шини…
Внатрешноста на PanAmerican ја краси мултифункционален волан облечен во кожа и алуминиумски педали, а од пакетот Style па нагоре, стандардна е дигиталната инструмент табла. На централната конзола наидуваме на 10-инчен екран за управување со мултимедијалниот систем.
Од VW велат дека ова Caddy е достапен со дури 19 системи за асистенција на возачот, вклучувајќи технологија за полуавтономно возење Travel Assist.
Volkswagen Caddy PanAmericana веќе е достапен за нарачка и тоа со 1.5 TSI бензинец од 114 КС (84 kW) или со 2.0 TDI дизел во две опции – со 102 КС (75 kW) и 122 КС (90 kW). Сите понудени единици се споени со 6-степен мануелен менувач, додека помоќниот дизел е достапен и со 7-степен DSG менувач со двојна спојка. Стандардно моќноста се испраќа до предните тркала, но 2.0 TDI е достапен и со опционален систем за погон на сите тркала 4Motion, за оние кои сакаат да започнат теренска авантура.
Влечниот капацитетот на карго веризјата е 1,5 тон, додека носивоста е до 679 кг. Товарниот капацитет на патничката варијанта е до 525 кг.
Volkswagen Caddy PanAmericana е веќе достапен за нарачака во Германија по почетна цена од 32.207 евра. Најмоќната варијанта воедно е и најскапа, а тоа еваријантата со помоќниот 2.0 TDI мотор и 4Motion погон – 38.460 евра.