Премиера на ажурираното Polo GTI / ФОТО
Откако Volkswagen го претстави ажурираното Polo пред два месеци, сега дојде на ред е верзијата GTI
Вообичаено, редизајнирани се фаровите, а куќиштата на задната сигнална група се пошироки од оние на стандардниот модел, со секако црвени детали, двоен крај на издувниот систен и решетка на ладилникот во облик на саќе со вградени LED дневни светла, слично на оние кај Golf GTI. Тука се и двобојните фелни зад кои се поставени подобрените сопирачки со црвени клешти, како и контрастниот црн покрив и куќиштата на ретровизорите.
Под хаубата, сè останува исто: 2.0-литарски турбо мотор со 4-цилиндри, кој развива 207 КС и 320 Nm. Ова е доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 6,5 секунди и максимална брзина од 240 km/h.
Ажуриранoto Polo GTI ќе продолжи да се разликува од стандардниот модел со спуштена суспензија и електронски диференцијал. Како опција е достапна и суспензијата на VW „Sport Select“, која може да биде поригидна и комбинирана со стандардни профили за избор на погон. Тие се грижат за управувањето, реакцијата на моторот и менувачот. Менувачот останува 7-степен DSG со двојна спојка.
Со ажурирањето, Polo GTI ќе биде достапно со дополнителни спортски седишта. Тапацирот на таблата сега има црвен сјај, комбиниран со голем број мат-хромирани акценти. Иновациите го вклучуваат новиот инфо-забавен систем на VW со 8.0-инчен екран на допир со висока резолуција, кој е достапен и со базниот модел.
Во салонот е поставен „Discover Pro“ со 9,2-инчен систем, а новите опции вклучуваат пристап до услуги за стриминг, можност за чување профили во „облак“ и безжична интеграција на Apple CarPlay и Android.
За прв пат, VW Polo GTI е достапен со функции за автономно управување, кои се дел од системот VW IQ.Drive. Истите вклучуваат адаптивна контрола на крстарење, асистент за одржување на возилото во лента, радар…