Volvo започна патување без враќање и планира драстично да го зголеми портфолиото на електични модели во следните години

Сето ова, се разбира, на штета на конвенционалните модели. Така и XC90, SUV предводникот на шведската марка, ќе стане модел на батерии во следната генерација. Не plug-in хибрид, туку 100% електричен автомобил.

Новиот XC90 ќе биде претставен во 2022 година, додека неговиот помлад брат XC60 исто така ќе тргне по тој пат, но ќе дебитира малку подоцна – во 2024 година.

Volvo потврди дека следниот XC90 ќе биде достапен со исклучително напредни системи за активна безбедност и скоро автономно возење. Швеѓаните ќе се потпрат на Lidar сензорите и соработката со NVidia за да ги создадат основните услови за автономно возење од високо ниво.

Техничките спецификации сè уште се мистерија и сигурно е дека тие ќе останат такви уште некое време. Сепак, се верува дека идниот XC90 ќе биде достапен во повеќе конфигурации, со еден или два електрични мотори или со погон на една или на двете оски.

Нема податоци ниту за батеријата, но некои британски новинари се убедени дека XC90 ќе понуди повеќе од 600 километри автономија со полна батерија.

Покрај тоа, новинарите од Островот, тврдат дека овој модел повеќе нема да биде предводник во гамата, затоа што наводно се планира уште поголем модел XC100 – поголем и попрестижен од XC90.