Најновото видео покажува како Tesla Model X може да влече подвижна куќа во пракса, но Cybertruck ќе биде далеку подобро решение

Сосема е непотребно е да се каже, Илон Маск е посебен по многу нешта. Една од неговите карактеристики е скромноста, со оглед на богатството со кое располага. Барем кога станува збор за недвижен имот. Имено, тој ги продаде сите свои недвижнини, освен куќата во Калифорнија (Tesla „event home”) и се пресели во Тексас. Но, не во репрезентативна област, а особено не во некоја раскошна куќа.

Верувале или не, неговата домашна адреса е Бока, а тоа е подвижна куќа со вредност од околу 50.000 долари. Ниту неа ја нема купено, туку ја има изнајмено од компанијата SpaceX. Доколку ве интересира во каков простор живее Илон Маск, погледнете го видеото подолу.

Како што дознава Teslarati, станува збор за куќа од понудата на компанијата Boxabl. Моделот е Casita, и нуди површина од околу 37 квадратни метри. Во моментот кога Cybertruck ќе се најде на патиштата, Маск ќе може многу лесно да премести ваква куќа низ целата земја.