Дојде време и за деби на новиот Peugeot 308 SW / ФОТО
Кросоверите не го уништија целосно сегментот на класични каравани, а доказ за тоа е новиот Peugeot 308 SW
Побарувачката за модели од овој сегмент сè уште е изразена во Европа, па следејќи ја таквата ситуација, Peugeot, откако го претстави хечбекот со ознака 308, премиерно го прикажа истиот модел конфигуриран како караван.
Она што повеќето го мислат и јасно го кажаа за хечбекот, важи и за караванот. Едноставно, прекрасен. Задниот крај на 308 во ова издание претрпел минимални и неопходни измени, со поголем капак на багажникот и забележливо отсуство на црната надвратница помеѓу сигналните групи на задниот дел.
Овој пат караванот не пораснал толку многу во однос на големина, како што беше пракса во претходните години. Да потсетиме дека Peugeot 308 SW од првата генерација беше десет сантиметри подолг од хечбекот, во втората и повеќе (за 11 cm), додека сега е само 55 mm.
Споредено со претходната генерација, вкупната должина е зголемена за 60 mm и изнесува 4.636 mm. Иако ривалската Škoda Octavia Combi е сè уште подолга, со 4.689 mm, разликата сега е помала. Ширината е зголемена за 48 mm (до 1.852 mm), додека трагата на тркалата останува иста како порано. Конечно, Peugeot 308 SW сега е за 20 mm понизок (1.444 мм). Декларирано е минималното растојание на шасијата од земјата и тоа е од 143 до 145 милиметри, во зависност од верзијата.
Внатрешноста на карванот е изработена во ист стил како и хечбекот, но задната клупа е поделена на три сегменти веќе од основниот пакет опрема, на следниот начин 40:20:40. Одделните делови можат да се преклопат одделно преку рачките лоцирани во багажникот. Самиот тој дел е достапен во две нивоа, но неговиот волумен е малку помал од порано.
Тоа значи дека сега изнесува 608 до 1.634 литри во споредба со поранешните 610 до 1.660 литри. Škoda Octavia Combi е нешто подобра во оваа дисциплина: 640 – 1.700 литри. Хибридните верзии на Peugeot 308 SW носат поинфериорни параметри на практичност заради потребата од инсталирање на батерии. Багажникот на хибридот не е дводелен, така што волуменот на багажникот е намален на 548 – 1.574 литри.
Plug-in хибридната верзија се нуди во две верзии на моќност. И двете користат 1.6-литарски турбо-бензински мотор со четири цилиндри, но со 150 или 180 коњски сили, со осумстепен автоматик во кој е интегриран електричен мотор кој развива 110 КС.
Кога погонскиот агрегат е во својот зенит, тој може да се пофали со 180 или 225 КС, а сето ова е познато и од порано, бидејќи некои други модели на Peugeot можат да сметаат на истиот погонски систем. Кај обете верзии на дополниви хибриди, најголемиот вртежен момент е ист.
Литиум-јонската батерија од 12,4 kWh обезбедува до 60 километри бесшумна автономија според циклусот WLTP. Покрај помалиот багажник, хибридите се хендикепирани и од помал резервоар за гориво, па така тие користат 40-литарски, наместо стандардниот од 52 литри.
Кога станува збор за стандардната понуда на погонскио агрегат, во Европа се нуди 1,2 Puretech. Станува збор за 3-цилиндерски турбо мотор со 110 или 130 коњски сили. Тука е и 4-цилиндерскиот турбодизел 1.5 BlueHDi кој ослободува 130 коњски сили.
Сите конвенционални модификации користат старт-стоп систем и 6-степен мануелен менувач, додека 8-брзинскиот автоматик е резервиран само за изданија со 130 КС.
Како и во случај со основниот хеџбек, така и со карванот може да се добие коктел од електронски асистенти за возачот, секако со дополнителен трошок. Комерцијалното име е Drive Assist 2.0 и вклучува автономен систем за сопирање во критични ситуации, адаптивен темпомат, помош при одржување на правецот во сообраќајната лента, полуавтономно престигнување на автопат…
Кога последната функција е активна, доволно е возачот да го вклучи левиот трепкач и 308 ќе ја заврши сам задачата за претекнување со брзина од 70 до 180 km/h.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1sD3sjCy-MKOuqB2ogw5hobSq16-M-z3C” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Караванската верзија на пазарот во Европа треба да се појави на почетокот од следната година.